Венко Глигоров до Османи: Ако мислеше дека морони живеат во Македонија, си се зезнал

Aкцијата на вицепремиерот Бујар Османи кој викендов проверуваше колку се спроведува законот за јазици предизвика лавина реакции во јавноста.

Османи направи неколку круга низ главниот град за да провери кој од директорите на институциите се уште има поставено табла само на македонски јазик, а не и на албански, но и со старото државно име Република Македонија.

Венко Глигоров познат како поранешен претседател на Комисијата за економија и финансии како и член на Централниот комитет на Либералната партија акцијата на вицепремиерот ја искоментира како одлична но и му порача да ја продолжи со несмалено темпо.

„Мислам дка е одлично што Вицепремиерот започнал активност за проверки на спроведување на закон за јазици. Одличен пример дава како треба да се сака државата.

Сега истиот тој Вицепремиер, а може и друг Вицепремиер, но најдобро е тоа да бидат надлежни институции - да почнат со континуирана и систематска проверка на спроведувањето на законот за јазици и законот за знамиња на целата територија на Македонија. И да има казнувања.

Браво Вицепремиере за акцијата!

(Ако мислеше дека морони живеат во Мк, си се зезнал. Не се сите. Можеби ги мислиш за такви од твојот коалиционен партнер - не знам. На следните избори ќе видите дека не се сите морони ако се занимавате со селективна правда.)“ - напиша Венко на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега