Венеција речиси пресуши: Само неколку месеци по поплавата каналите личат на каливи ровови (ВИДЕО)

Венеција, италијански град познат по своите канали и романтични возења по нив, дава сосема поинаква слика во време на осека.

Само неколку месеци по големите поплави, венецијанските канали сега скоро се исушија.

Бродовите и чамците се скоро заглавени, а познатите венецијански канали изгледаат како калливи ровови.

Иако ова не е толку ретка појава во Венеција, драстичниот пад на водостојот е изненадувачки затоа што во ноември го доживеа највисокото ниво на вода во последните 50 години.

Ваквите драстични промени во високите и ниските нивоа на вода многумина ги сметаат за директна последица од климатските промени, а Венеција како нивен најочигледен доказ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега