Велосипедист удрил пешак и избегал – пешакот итно пренесен во Градска

Непознат велосипедист удрил во пешак на булерварот „Јане Сандански“ и избегал.

-Вчера во 14.50 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, велосипед, управуван од засега непознато лице, удрил во  пешакот Г.Ј.(64) од Скопје, по што  напуштил лице место. Во незгодата, пешакот Г.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од полицијата.

 Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега