Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Во СВР Скопје било пријавено на 26.05.2022 во 09.30 часот дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа.

„Несреќата се сучила помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.А. (28) од Скопје и велосипед „каприоло“, управуван од В.М. (64) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

27.05.2022 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега