Велосипедист тешко повреден откако излетал од коловоз

Вчера околу 19.30 часот во Виница било пријавено дека велосипедистот Б.М.(18) изгубил контрола и излетал од коловозот.

„По несреќата велосипедистот Б.М. бил пренесен во Општата болница-Кочани, каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Виница

01.10.2022 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа