Вељко ќе се жени во униформата на Аркан, а Богдана ќе ја облече венчаницата на Цеца

За месец дена ќе се жени синот на српската популана пејачка Цеца, а судбоносното „да“ со својата избраничка Богдана ќе го кажат во познат белградски хотел, а спред српските медиуми младоженецот за тој ден збра да ја облече воената униформа на својот татко.

Имено Вељко ќе ја носи униформата која ја носеше неговиот покоен татко пред 25 години, кога се оженил за Цеца.

- Цеца ја чувала воената униформа сите овие години заедно со својата венчаница и емотивно е поврзана со тие работи, а Вењко тоа добро го знае. Кога изразил желба да ја носи униформата од татка си, Цеца била воодушевена и веднаш се сгласила- рекол извор близок до семејството Ражнатовиќ.

- Што се однесува на Богдана, Вељко не инсистира да ја носи венчаницата на Цеца, меѓутоа и тоа може да се случи бидејќи Цеца сака да и ја даде венчаницата и да и купи уштеедна во која подоцна ќе се пресоблече- пренесува истиот извор.

Инаку моделот на венчаница кој Цеца го носеше на свадбата беше популарен во Србија, а за тоа потврдува и фактот што снимката од касетата од венчавката на Аркан и Цеца била распродадена во повеќе од 100.000 примероци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега