Вељановски утрово на распит кај Рускоска

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово се појави на распит во Обвинителството кај Вилма Рускоска, за гонење организиран криминал и корупција, влегувајќи од споредните влезови на зградата. 

 

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција на 20 февруари 2019 година беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски под сомневање за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но и уште едно лице, Спире Ристовски, кој сè уште е во истражниот затвор во Шутка, пренесе СДК.МК.

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот во Собранието на 27 април, но иако Обвинителството побара, пратеничкиот имунитет не му се одзема.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за 27. април покажа дека до или од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски пред и на денот на крвавиот четврток. На Никола Тодоров, пак, му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега