Велјановски: Градењето згради кај „ШИК Јелак“ ќе го уништи Тетово

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Тетово,  Александар Велјановски денеска истакна дека со градењето згради на местото на „ШИК Јелак“ во Тетово, уште повеќе ќе се уништи градот. Повтори дека нема одговорност за сомнежите за корупција.

-Овој проект е преобемен и штетен. Го оптеретува централното градско подрачје и ја затвора циркулацијата на воздух во Тетово кој и онака е најзагаден град во Македонија. Оваа градежна џунгла во најава ќе го уништи Тетово. Мафијата, криминалот и власт во Македонија се едно исто и мора да паднат, рече Велјановски на прес-конференција.

Тој рече дека една недела откако го објавиле случајот власта уште молчи.

-Зделката за која слушнавме прд изборите дека е средена со поткуп од 300.000 евра и 2.000 квадрати простор плус уште 4 милиони евра откако ќе заврши работата, власта ја заврши на само еден ден по формирањето на Владата.  Со пари од Панама се прави криминал. Дали Дака-Заев преку панамската шема за перење пари и криминал за 2000 стана во Тетово ќе го уништи градот, рече пратеникот.

Тој покажа документи, основна состојба на фирма во Централен регистар и запис за фирма во Панама со кои, како што рече, се докажува поврзаноста на странски државјанин со имотот на ШИК Јелак.

-Ова се документи кои покажуваат дека соптсвеник на земјиштето на ШИК Јелак е всушност фирма од Панама, тоа е фирмата АДАСТРА Груп Корп чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака која ја поседува домашната фирма Јелак градба каде управител е исто така Дака. Се поставување прашањето зошто зад фирмата „Јелак Градба“ стои фирма од Панама која е оф-шор држава и каде постојат сомнежи дека завршува капитал од перење на пари и други казниви дела, рече тој.

Праша дали и какви се парите со кои ќе се гради во ШИК Јелак и каде ќе заврши профитот од 200 милиони евра.

-Дали парите заработени во Македонија од нашите граѓани ќе се изнесат назад во Панама. Дали овој проект служи за испумпување на пари. И на крај дали парите за кои слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, а Дака му ветува на Кичеец откако ќе заврши работата завршиле кај Зоран Заев или друг претставник на власта, истакна Велјановски, рече Велјановски. Тој пред една недела на прес-конференција тој побара Обвинителстото да постапува по овој случај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа