Велика Британија: Путин е очаен и затоа ја уништува инфраструктурата на Украина

 

Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас за време на посетата на бродоградилиштето во Глазгов.

Валас рече: Украинците се обидуваат да ја заштитат националната цивилна инфраструктура што Путин намерно се обидува да ја уништи со надеж дека ќе ја уништи нивната економија и ќе ги натера да страдаат во текот на зимата.

Британскиот министер тврди дека нападите врз цивилната инфраструктура се нелегални според меѓународното право и е дециден дека Велика Британија нема да дозволи овој тип на заплашување и бруталност да биде успешен.

„Овие удари покажуваат дека рускиот претседател е очаен бидејќи неговата војска не е успешна на бојното поле“, рече Валас.

Министерот за одбрана потсети и на недамнешното повлекување на Русија од јужниот украински град Херсон, сугерирајќи дека е интересно што се разрешени голем број руски команданти.

25.11.2022 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега