Велика Британија повторно воведува рестрикции за новиот бран од ковид-19

Велика Британија стигна до опасна раскрсница во борбата против коронавирусот, предупреди вечерва во парламентот британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој ги претстави новите мерки кои во земјата би можеле да останат во сила шест месеци и најави оти може да биде ангажирана и армијата во поддршка за контролирање на мерките против ширењето на коронавирусот.

Тој побара од граѓаните да работат од дома, а веќе од задутре баровите и рестораните ќе мора да се затворат во 22 часот.

Според новите правила, персоналот во продавниците ќе мора да носат маски во спротивно ќе добијат казна до 200 фунти.

Од понеделник, бројот на присутни на свадбите ќе биде ограничен на 15, додека на погреби може да има најмногу 30 луѓе.

Спортовите во затворено ќе може да се играат само во групи од најмногу шест луѓе, а одложено е и враќањето на навивачите на спортските натпревари.

Сепак, училиштата, факултетите и продавниците ќе останат отворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега