Велика Британија го ратификува Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО

Парламентот на Велика Британија денеска го ратификуваа Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, а претходно истото го направи и Италија.

Информациите за двата настана ги соошти на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

,, Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме! “-објави Шекеринска.

Според ова, за да заврши целата процедура и Македонија конечно да стане рамноправна членка на НАТО, останува уште 5 земји да го ратификуваат овој протокол.

Македонија може да стане 30 членка на НАТО само ако сите 29 земји членки дадат зелено светло преку своите национални парламенти, што е извесно.

Останува само техничкиот проблем со Шпанија, која се’ уште нема формирано нова валда по предвремените парламентарни избори, но актуелниот премиер неодамна изјави дека има шанси и шпанскиот парламент до крајот на годината да се формира и да го ратификува протоколот за Македонија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега