Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.
Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градот денес се чисти повеќе од кога било
- Тошковски на пролетен марш во Неготино: Градиме силна и сплотена полиција
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не чека премиерски потпис, туку да го повика Ковачевски да одговара пред правдата
- Ја тепал и давел пред очите на детето, успела да се засолни кај соседите: Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски
- Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
- Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада
- Жичницата на Водно нема да работи цело лето – Ѓорѓиевски: Можело да се случи да се откачи гондола
- Паркирањето во Центар станува луксуз: ПОЦ ги зголеми цените за станарите и фирмите


