Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.
Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
- Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
- Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада
- Жичницата на Водно нема да работи цело лето – Ѓорѓиевски: Можело да се случи да се откачи гондола
- Паркирањето во Центар станува луксуз: ПОЦ ги зголеми цените за станарите и фирмите
- Посебен сообраќаен режим во Скопје: Улична трка в недела ќе затвори дел од булеварите
- Кривична пријава за делчевка: Подигнала пари од сметката на починатиот сопруг
- Приведен 79-годишен скопјанец: Допирал малолетна сосетка во неговиот дом
- МВР со детали: Познат идентитетот на починатата 20-годишна девојка


