Велешани ги почитуваат мерките за заштита

Жителите на Велес генерално ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Оваа констатација можеме да ја извлечеме согласно информациите претставени во дневниот билтен на велешката полиција, во текот на изминатата недела.

Бројот на лица од Велес кои не носеле маска е многу мал, поточно едноцифрен. Ситуацијата била иста и во текот на изминатото деноноќие.

„Во период 13/14.09.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се четири лица на подрачјето на Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци“ – се вели во писменото соопштение на СВР Велес.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните почитување на мерките за заштита. Потсетуваат дека казната за неносење маска е дваесет евра, но доколку се плати веднап или во првите осум дена, се преполовува и изнесува 600 денари.

14.09.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега