Веднаш сам ќе излезе: За да отстраните крлеж потребна ви е само една намирница

Сите ние се служиме со најразлични трикови за да се ослободиме од крлежите. Некои го мачкаат местото со масло, некои го тријат со сапун, а некои го извлекуваат крлежот со помош на пинцета. Некои пак, советуваат местото да се намачка со ацетон, што патем кажано, не смеете да го правите.Наместо тоа, ви предлагаме да го пробате овој народен начин за отстранување на крлежите кој го раскажала една стара селска учителка.
„Местото, каде што е закачен крлежот, треба да се посоли со ситна сол и врз него да се држи парче мокар памук“.
На овој начин, крлежот за околу 20 минути сам ќе излезе на површината.
Наместо да го фрлите, не заборавајте да го ставите во кутија и да го однесете во лабораторија за да се утврди дали е носител на некоја заразна болест, бидејќи еден од десет крлежи се покажал како преносител на енцефалитот.
Ако пред излегувањето во природата немате средство против крлежи и комарци, можете да го подготвите и сами:
„Во 200ml врела вода ставете 25 грама каранфилче, нека врие околу 15 минути, нека се олади и потоа додадете му 2 супени лажици со алкохол“.
Намачкајте се со растворот пред излегување од дома, или пак намачкајте го вашиот миленик. Авторката на рецептот тврди дека на овој начин веќе 10 години таа и нејзиното куче не донеле ниеден крлеж по враќањето од шумата.
Ако немате доволно време за подготвување на овој раствор, можете да користите каранфилово масло, разредено со вода, неколку капки во литар вода: Мирисот на каранфилчето не го поднесуваат ни комарците.
Ако се плашите сами да се ослободите од крлежите, најдобро е да побарате лекарска помош.Наместо тоа, ви предлагаме да го пробате овој народен начин за отстранување на крлежите кој го раскажала една стара селска учителка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега