Вечерва сите гледаат во небото, на денешниот празник направете го ова - огледалото има важна улога

Големиот Христијански празник, Крстовден се празнува денес. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление.

Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода.

Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.

Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление.

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, „Вистина се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“, „Вистина се јави“.

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

Постои верување дека младите девојки на обогјавленската ноќ на небото ќе го здогледаат човекот за кој ќе се омажат. Во некои краишта девојките користеле огледало за да видат судениот. Покрај огледалото ставале свеќи, а морало да се води сметка огледалото да не пукне, затоа што тогаш девојката би ја следло 7 години несреќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега