Вечерва почнува пролетта
Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути.
Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото.
Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента.
Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути.
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 17 до 21 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа