Вечерва завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, што ќе трае до недела во 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

Во вториот круг граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во општина Шуто Оризари ќе се прегласува на три избирачки места за членови на Советот.

Во сабота, еден ден пред главното гласање, први на избирачките места традиционално ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Скопје го одржа завршниот митинг, на кој се обратија премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Exit mobile version