Православната црква утре, 22 октомври, го слави споменот на Светиот апостол Јаков, син Алфеев и еден од дванаесетте големи апостоли, роден брат на евангелистот Матеј.

Јаков беше сведок на зборовите и чудата на Исус Христос, на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, тој ја ширеше Христовата благовест во Елефтеропол и околните места, а подоцна и во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Неговиот труд и ревност беа крунисани со голем успех, многу незнабошци поверуваа во Христос, основаа цркви и поставија свештеници и епископи. Познат како Јаков Праведниот, тој се смета за заштитник на оние кои се стремат кон верската ревност и духовната правда.

На денот на Свети Јаков народните верувања посочуваат на важноста на прошка и духовна чистота.

Немажените девојки се советуваат да се измијат со ладна вода околу полноќ за да го заштитат телото од зли духови и да обезбедат здраво потомство. Според традицијата, тоа е момент за смирување на душата и отворање на патот кон благословено потомство.

Истовремено, Свети Јаков испраќа јасна порака до богатите и моќните. Тој потсетува дека материјалното богатство е минливо и предупредува дека оние кои угнетуваат други ќе се соочат со последици.

Exit mobile version