Вечерва Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе маршираат поради повредата на правото на глас

Во знак на револт поради „потиснување на правото на слободното гласање“, Алијанса на Албанците и Алтернатива вечерва од 19 часот ќе маршираат од паркот во Чаир до зградата на Европската унија во Скопје. По пат демонстрантите ќе се здржав и пред зградата на Владата.

Пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопј ќе биде испратена дека една држава која ги почнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, изјави на прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска.

Организаторите на маршот најавуваат дека демонстрантите ќе носат заштитни маски и ќе одржуваат дистанца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега