„Ве молам загубете“: 10-годишен фан на Јунајтед му напиша писмо на Клоп, тој му одговори

Дараг Карли, десетгодишно дете кое е страствен фан на Манчестер јунајтед, му испрати писмо на Јирген Клоп во кое го замолува Ливерпул да почне да губи во мечевите.

„Ливерпул пречесто победува. Ако победи и во наредните девет меча, тогаш ќе имате најдобра серија без пораз во историјата на англискиот фудбал. Како навивач на Јунајтед, многу сум тажен поради тоа“, напиша Карли.

Ливерпул моментно во 16 меча едноподруго не знае за пораз и само уште победа ги дели „црвените“ од најдобрата серија на Манчестер сити. Но, доколку „црвените“ не загубат и во наредните девет меча, тогаш ќе го достигнат рекордот што е во сопственост на Арсенал.

„Затоа, во наредниот меч на Ливерпул натерај ги да загубат. Треба само да му дозволиш на противникот да даде голови. Се надевам дека те убедив да не ја освоиш лигата“, додаде малолетниот фан на Манчестер Јунајтед во писмото до Клоп.

На тоа следуваше одговор од германскиот менаџер.

„За жал, не можам да го исполнам твоето барање. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби, моја работа е да го направам најдоброто да му помогнам на клубот да победи, бидејќи постојат милиони луѓе кои го сакаат тоа и не смеам да ги изневерам“, возврати Клоп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа