Пејачката Сузана Јовановиќ, вдовица на основачот на „Гранд“, Саша Поповиќ, во подкастот на свештеникот Предраг Поповиќ отворено проговори за животот по загубата на нејзиниот сопруг, истакнувајќи дека токму духовната поддршка од свештеникот ѝ помогнала да го надмине најтешкиот период.
Гостувајќи во емисијата, таа изрази длабока благодарност, обраќајќи му се на свештеникот со зборовите:
„Бог помага, отец Предраје. По сè што издржав, низ што поминав, можам да ви кажам дека сега сум добро.“
Додавајќи дека свештеникот дал клучен придонес во најлошите моменти, таа нагласи:
„Му благодарам на Бога и на вашите зборови… Вие го дадовте вашиот придонес колку што беше потребно, дури и кога беше најлошо.“
Покрај ова, Јовановиќ го искажа своето разочарување од луѓето кои се дистанцирале по смртта на нејзиниот сопруг, истакнувајќи дека телефонот повеќе не ѝ ѕвони и дека Сале им бил потребен, а не таа. На крајот, таа порача дека знае многу работи и дека можеби еден ден ќе напише книга за сè.


