Вчера полицијата имала „луда ноќ“

За времетраењето на вчерашната засилена полициска акција на територијата на целата земја, полицијата имала прилично напорна работна смена. Ова констатација лесно може да се заклучи од бројот на казни напишани во изминатото деноноќие. Дури 313 возачи не ги почитувале сообраќајните правила. 

„Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место“-известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Надлежните упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот, за почитување на пропишаните правила и прописи. 

21.09.2021 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа