Вчера направени само 197 тестови во јавното здравство

Вчера се направени вкупно 342 теста кои дале резултати дека 30 нови случаи се позитивни на корона вирусот, соопшти министерството за здравство.

Според информациите објавени таму, од вкупно 342 теста, само 197 се направени од здравствените институции дел од јавното здравство, додека останатите 145 теста се направени во приватни здравствени институции и лаборатории. 177 теста направи Институтот за јавно здравје а 20 ветеринарниот институт. 100 теста направила приватната болница Жан Митрев, 21 лабораторијата Авицена и 24 Биотек. Вчера Систина објави информации дека со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни. Спеак, овие податоци ги нема во денешниот преглед на Министерството за здравство. Од таму вчера појаснија дека овие тестови биле од различен тип поради што не ги прифаќаат резултатите.

„Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.“ – објавија вчера од Минситерството за здравство.

Во клиничката болница Систина тестирањето чини 1200 денари, а вчера само таму се тестирале речи си двојно повеќе луѓе отколку во јавните здравствени установи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега