Вчера „летале“ казни за возачи

Вчера бил многу исцрпувачки работен ден за полициските службеници низ целата држава. Била спроведена акциска контрола за почитување на сообраќајните возила во целата држава. Вработените „главата не знаеле каде им е од работа“. Ова може да се констатира од бројот на казни напишани во текот на вчерашната контрола.

Во текот на вчерашниот ден (13.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив, 15 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место“ – известија надлежните служби на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со целпоголема безбедност на жителите.

 

14.09.2021 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега