Важна вест за жичарницата и автобусот кој оди до Водно

Од денес, скопската жичарница ќе има зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Потсетуваме дека неработни денови на Жичарницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот, информират од ЈСП- Скопје.

Од денес изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2019 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега