Важна вест за сите кои планираат да одат на Водно викендов

Министерството за внатрешни работи информира дека викендов ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.

-На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од  тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно, соопштуваат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега