Важна информација за сите со заостанати долгови за вода и смет

Граѓаните на Град Скопје од четврти до 29 ноември годинава ќе можат да ги платат заостанатите долгови за вода и комунален смет без камата.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на 22-та седница Управниот одбор на ова претпријате донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

ЈП „Водовод и канализација“ ги повикува сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега