Важеше за најзгодна жена на светот, а сега е непрепознатлива- новите фотографии ги изненадија фановите

 

Манекенката и водителка Кели Брук, на почетокот на својата кариера изгледаше одличо, а списанието „FHM“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот.

Но, во текот на 9-те години откако е во светот на шоу бизнисот, Брук значително се промени. 

Неодамна папараците ја „фатиле“ како шета по улиците на Лондон и ужива во јадењето палачинки. Кели била облечена во црно од глава до пети со што се обидела да помине потполно незабележливо, но фотографите ја препознале 40-годишната бринета и покрај темните очила за сонце и неуредната фризура.

Поранешната манекенка пред неколку месеци зборувала за тоа како се чувствува поради фактот што е мета на хејтери на интернет бидејќи нејзиното тело повеќе не изгледа како што изгледало пред 20 години.

„Тие ме гледаат како дебела девојка и не ме прифаќаат како таква. Смешно ми е тоа. Луѓето растат, стануваат поголеми, се менуваат, тоа постојано се случува“, изјавила Кели.

Оваа убавица одамна ги прифатила своите облини и килограми, но признала и дека станала мрзелива, што резултирало со дебелеење. Сепак, поттикната од момчето Џереми Париси, таа одлучила да „симне“ некој килограм.

„Откако сите ме предупредија на вишокот килограми, почнав сериозно да размислувам што би можела да сторам по тоа прашање“, открила Брук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега