Ватикан донесе историска одлука: Сексуалната злоупотреба е кривично дело

Новите измени во законот на Ватикан ќе ја криминализираат сексуалната злоупотреба на возрасните од свештеници кои го злоупотребуваат својот црковен авторитет.

Папата Франциско рече дека световните лица кои вршат функции во црквата исто така можат да бидат санкционирани за сексуални престапи.

Со изменетиот закон се признава дека и возрасните можат да бидат жртви на свештеници кои го злоупотребуваат своето овластување, пренесуваат странските медиуми.

Новите одредби, објавени денес, по 14 години проучување, се содржани во ревидираниот дел од кривичниот закон на Ватиканскиот законик на канонското право, внатрешен правен систем кој опфаќа 1,3 милијарди католички цркви.

Макфакс

01.06.2021 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа