Васко Ѓурчиновски, учествува на 181то заседание на воениот комитет на НАТО

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествува на 181то заседание на воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови кое се одржува денес во седиштето на НАТО во Брисел.

Ова е првпат досега началник на генералштабот на нашата армија да учествува за цело времетраење на едно редовно заседание на ова воено тело на НАТО, кое до полноправното членство ќе биде во улога на поканета членка. Досега началниците на генералштабот учествуваа само на сесите кои беа отворени за партнерските земји, како и за земјите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

По воведното обраќање од страна на претстедавачот на ВК, воздухопловниот генерал сер Стјуарт Пич, на дискусијата од првата сесија на заседанието на која учествува и генералниот секретар Јенс Столтенберг, првите луѓе на армиите се информирани за клучните стратешки прашања со кои се соочува Алијансата.

На заседанието на ВК на НАТО се разговара за планови и насоки од воен аспект за понатамошно дејствување и се донесуваат препораки кои понатаму се разгледуваат на состаноци во формат на министри за одбрана од кој следниот е во јуни.

          Учеството на првиот човек на Армијата на сите сесии од заседанието на воениот комитет на НАТО е значајно од аспект што за прв пат имаме можност на  иста маса со сите 29 членки на НАТО да ги проследиме дискутисиите  за сите крупни прашања на безбедноста во светски рамки.

Минатата година во ноември ВК на НАТО одржа сесија во Скопје како еден вид поддршка и упатена порака за постигнатиот прогрес на Република Северна Македонија кон полноправното членство во НАТО.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега