Вашингтон Пост : Македонија и официјално се преименува во Северна

Вечерва по соопштение од Влада во кое се вели дека од денес официјално стапува на сила Договорот од Преспа и името се менува во Северна Македонија, страниците на Влада и Собрание веднаш ги ажурираа промените и го ставија новото име.

За ова пишува и американскиот весник „Вашингтон пост“ 

Промената на името конечно го решава проблемот со Грција , кој датира од прогласувањето на независноста на Македонија од поранешна Југославија во 1991.

Прекинот на несогласувањата се случи минатото лето , кога премиерите на Македонија и на Грција , Зоран Заев и Алексис Ципрас , се договорија на компромис со кои Грција се обврзува да ги прекине пречките за влез на Македонија во НАТО и Европската Унија, пишува Вашингтон Пост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега