Вархеји го информираше Османи дека ЕУ дозволи пристап за земјава во Европскиот солидарен фонд

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денес одржа  видео-конференциски состанок со Оливер Вархеји, Еврокомесар за соседска политика и преговори за проширување.

„Пренесувам искрена благодарност во името на целата Влада и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, за историскиот успех на земјата конечно да добие одлука за почеток на преговорите“, истакна Османи, упатувајќи и лична благодарност до еврокомесарот Вархеји за личниот придонес за успехот на одлуката на Европската Унија.

Османи и Вархеји разговараа за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата КОВИД 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

„Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо - економските предизвици претставуваа значајна помош од стана на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од КОВИД 19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена “ истакна Османи.

Во продолжение, Вархеј истакна дека како земја - преговарач, Република Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите - членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од КОВИД 19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега