Вардарци со пораз ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар немаа доволно среќа, но и концентрација за да слават на гостувањето во Белорусија.

Мешков Брест во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите се избори за победа над актуелниот европски првак од 24:22.

Ако првото полувреме мина во знакот на домаќините, во вториот дел вардарци, успеаа да направат пресврт и да победат до 17:15, потоа и со 22:21, но на ова следуваше одговор од Мешков со три гола во серија за победа од два разлика.

Најефикасен во редовите на Вардар 1961 беше Вујин со шест гола, Дисингер постигна четири а Чупиќ три гола.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа