Вардар исфрли тело во фаза на распаѓање

 

Околу 14 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден, во близина на мостот кај селото Уланци, велешко, на местото „Горна Лака“, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж.

Полицијата денеска информира дека телото кое водата го исфрлила, било во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Било констатирано дека се работи за 77-годишниот А.Н. кој бил пријавен за исчезнат на 04. декември.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

12.01.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа