Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“

 

Прво, Уставот на Република Македонија не предвидува консултативен референдум за прашања од надлежност на Собранието, посочи професорката Билјана Ванковска по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека референдумот за името и членството во Европската Унија и НАТО ќе биде консултативен.

Таа во изјава за телевизија Алфа кажа дека доколку во референдумското прашање се споменуваат ЕУ и НАТО тогаш автоматски станува збор за задолжителен и дополнителен, а не претходен референдум.

Премиерот Заев вчера изјави дека референдумското прашање би можело да гласи и вака: „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“

„Цензусот е ист и за консултативен и за задолжителен референдум, и изнесува 50%+1 од бирачкото тело. Во контекст на референдум за влез во НАТО и ЕУ се менува потребното мнозинство за да биде успешен референдумот: од релативно, станува апсолутно, односно потребно е 900.000 гласови да бидат „ЗА" (одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.)

Во моментов Собранието не може да распише референдум за договорот меѓу Атина и Скопје затоа што тој не е стапен во сила, е непостоечки! Ако го објават без потпис на претседателот, тоа ќе биде само врз основа на извршено кривично дело (од директорот на Службен весник).

Како и да постапат, ќе има работа за Јавното обвинителство, Уставниот суд, но и за целата јавност, особено експертската“, изјави Ванковска.

 

 

 

19.07.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега