Ваква војна Американците не воделе - шефот на воздухопловството на САД ги подготви граѓаните на најлошото сценарио

Новиот началник на генералштабот на американското воено воздухопловство, Чарлс Браун изјави дека следната можна „идна војна“ во која САД ќе бидат вклучени ќе изгледа сосема поинаку од многу војни кои Вашинготн ги водел во изминатите 20 години.

Со оглед на вооружениот конфликт против блискиот противник, веројатно Русија или Кина, „ не би останале далеку од нашите крајбрежја“ и повеќе би била „слична на Втората светска војна“, тврди Браун во својата програмска работа за оваа воена гранка.

За да се подготвиме за конфликтот, воздухопловството би требало да се збогува од некои свои стари стратегии и опрема, како и стари програми, за да ја прифати релевантната технологија и стратегија, заклучил тој. Ова е за оваа гранка се поважно, со оглед на тоа дека нејзиниот буџет веројатно ќе биде ограничен во однос на минатата година.

„Веројатно за идните буџетски притисоци ќе бидат потребни најтешки одлуки за структурата на силата во генерациите. Не можеме да ги избегнеме тие одлуки. Претходните одлуки не даваат резултати кои ни се потребни поради брзата променливост на елементите за натпреварување со Кина и Русија“, тврди Браун.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа