Вакцината против коронавирусот нема да биде 100 проценти ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи смета дека вакцината против коронавирус нема да биде 100 проценти ефикасна. Според него, шансите за тоа се многу мали.

 

– Не знаеме колку ќе биде ефикасна вакцината, дали ќе биде 50 или 60 проценти. Јас би сакал да биде ефикасна 75 проценти или повеќе, рече Фаучи во обраќањето на онлајн семинарот на Универзитетот Браун.

Тој, исто така, истакна дека концептот за јавно здравство никогаш не треба да се напушти затоа што е невозможно да се развие вакцина што е делотворна до 98 проценти, објави Скај њуз.

– Тоа значи дека луѓето во САД и другите делови на светот мора да продолжат да одржуваат физичко растојание, да носат заштитни маски и да избегнуваат гужва со цел да се запре ширењето на вирусот.

Властите во САД потенцираа дека секоја вакцина ќе треба да се прегледа пред да може да се одобри нејзината употреба.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега