Вакцина против Ковид-19 вчера примиле 12.545 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 514.021 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани.

Како што соопшти Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто над 60 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 45 отсто над 50 години се вакцинирале барем една доза вакцина.

МЗ соопшти дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

МЗ апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

31.07.2021 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега