Вакцина против коронавирус која ќе чини 2,5 евра - британско-шведска фармацевтска компанија правил лек достапен за сите

Фармацевтскиот концерн „АстраЗенека“ планира вакцината против коронавирус да ја изнесе на пазарот до крајот на годинава, а како што најави претседателот на компанијата, Паскал Сорио, таа ќе чини 2,5 евра.

Сорио изјави за француската радиостаница РТЛ дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.

АстраЗенека“ се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според Сорио, можеби и порано доколку се оди според планот.

Неодамна е објавено дека вакцината на „АстраЗенека“ во првите две фази од тестирањето се покажала добра и овозможува создавање антитела, како и имунизација против Ковид-19.

Резултатот од третата фаза од тестирањето се очекува наесен и доколку биде успешна вакцината ќе може масовно да се произведува и пласира на пазарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа