Вака климата нема да ни наштети - Исчистете го филтерот лесно

За клима уредот совршено да работи и притоа да не ви штети по здравјето, задолжително темелно исчистете го од внатре.

1. Безбедноста е на прво место, па прво исклучете го уредот од струја.

2. Тргнете ја предната маска од климата. Обично лесно се отстранува, но на некои уреди е прицврстена со шрафови.

3. Откако ќе ја отстраните маската, веднаш ќе го забележите филтерот, кој се наоѓа на предната маска на уредот. Едноставно извадете го, но внимавајте на евентуални остри објекти кои би можеле да стојат зад него.

4. Измијте го филтерот во када или лавабо. Најдобро е да го измиете само со топла вода, но можете да употребите и детергент ако филтерот е премногу валкан.

 5. На крај, погрижете се филтерот да биде сув пред да го вратите на почетната позиција. Наместете го филтерот на климата и тоа е тоа!

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега