Европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц, во интервју за БГНЕС упати децидна порака дека уставните измени се услов за кој не може да се преговара доколку земјата сака да напредува на патот кон ЕУ.
Тој нагласи дека има јасна комуникација со македонската Влада дека исполнувањето на овој критериум е неопходно и дека преговарачката рамка не подлежи на промени.
„Во тој поглед, сите сме на иста позиција. Уставните измени се услов. Тоа не подлежи на преговори. Ако нема исполнување на тие критериуми и услови, нема да има напредок на патот кон пристапување. Многу би жалел за тоа и сите сме на иста позиција. Имам многу јасна комуникација кон владата на Северна Македонија дека тоа барање мора да биде исполнето и дека тоа не подлежи на преговори“, изјави Вајц за БГНЕС.
- Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
- Трипуновски: Идеи и иницијативи од Ресен за развој на земјоделството
- Куќната помошничка на Кајли Џенер: „Ми беше забрането да ја гледам додека работев“
- 74-годишен возач повреден во сообраќајна несреќа
- 27-годишник нападнат од својот колега во фирма во Илинден
- Николоски: Следната година очекувам да се вози по една лента на автопатот Прилеп Битола
- Николоски: Лани градевме за 90% повеќе на автопатите, годинава очекувам да зголемиме за дополнителни 70%
- Трамп: Украина и Русија се согласија на тридневен прекин на огнот


