Европратеникот Томас Вајц смета дека Македонија ќе ги направи уставните промени по локалните избори и смета дека тоа ќе помогне на државата за започнување на преговори со Европската унија.

Во изјава за Европската новинска редакција, европратеникот Вајц изрази оптимизам дека по одржувањето на локалните избори во земјата ќе се создадат услови за усвојување на уставните измени со кои Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот.

„Тоа би го отворило патот кон вистинскиот почеток на преговорите. Неопходно е тие да започнат наскоро за државата да остане на европскиот пат“, изјави Вајц.

Exit mobile version