Вачков: Терминот „Македонци“ е идентичен со терминот „Бугари“ и го сфаќаме како како географска спецификација

„Комисијата работи на две важни теми истовремено – ги разјаснуваме настаните и личностите кои се дел од нашата заедничка историја, како и концептите во учебниците по историја“, вели Доц. Даниел Вачков – директор на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН), член на Експертскиот совет при Институтот за истражување на блиското минато, како и член на Заедничката мултидисциплинарна македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, прашан до каде се преговорите во комисијата.

Ќе биде тешко да се исполни задачата во рокот до октомври, поставен од бугарскиот премиер Бојко Борисов, смета Вачков, а како причина ги наведува „големиот број вознемирувачки нешта“ во македонските историски учебници.

„Не станува збор само за расчистување на фактите, туку за концептуални промени што фундаментално влијаат врз целиот историски наратив создаден во Република Северна Македонија. Сето тоа е комплициран процес“, вели Вачков во интервју за бугарскиот „Марица.

Според него, досегашната работа и сработеното на Комисијата (како признавањето од македонската страна дека Самуил бил цар на Бугарското царство, потоа заедничкото одбележување на Илинденско-преображенското востание, Светите браќа Кирил и Методиј) е од исклучива важност и создава многу важни предуслови за идни позитивни промени. Сепак, вели тој, Бугарија не може да очекува брзи резултати, бидејќи логично е да има поголем отпор за личностите од поновата историја. „Потребно е време општеството во Северна Македонија да ја апсорбира вистината дека нашите две земји имаат заедничка историја“, вели тој.

Одговарајќи на прашањето за Гоце Делчев, Вачков објаснува:

„Тие тврдат дека тој е основата на нивниот идентитет и нивната државност. Тие велат: Ако го земете Гоце Делчев, го ја земате основата врз која се гради нашиот државен идентитет, а сè понатаму е вртоглаво паѓање!

Ние изнесуваме многу категорични, неспорни факти за бугарското потекло на Гоце Делчев. Тој самиот не еднаш вели: ‘Ние, Бугарите!’ Точно, тој во своите писма го користи и терминот Македонци, кој во тоа време е идентичен со терминот Бугари – го сфаќаме не како национална определба, туку како географска спецификација.

Од друга страна, Гоце Делчев е поборник за автономна Македонија, што е неспорен историски факт, кој дава основа  причина во Скопје да го прифатат како еден од основачите на нивната држава.

Тоа само по себе не е во спротивност со бугарскиот карактер на Делчев.

Многу дејци на ВМОРО вистина тврдат дека се борат за независна, автономна Македонија. Но, за многу од овие дејци тоа едноставно е чекор кон следната фаза – присоединување кон Бугарија. Сепак, немаме официјални изјави на Гоце Делчев дека тоа е неговата крајна цел“, признава Вачков.

„Оттаму, сложен е проблемот околу ликот на Гоце Делчев – од една страна, неговото неспорно бугарско потекло, од друга страна – неговата посветеност кон идејата за слобода на Македонија, што нашите колеги од македонска страна ја толкуваат како форма на разграничување, дистанцирање од Бугарија. Ние категорично го отфрламе тоа – официјално бугарската држава секогаш се обидувала да ја поддржи тезата за автономна Македонија“, вели историчарот.

Централното прашање на состанокот на Комисијата закажан за во средината на септември во Софија, истакнува Вачков, ќе биде токму изнаоѓање на решение за Гоце Делчев, односно постигнување договор за денот на неговото заедничко славање. Вачков категорично го отфрла 7 октомври (денот кога моштите на Гоце Делчев се предадени на Скопје), а очекува македонските колеги да го прифатат бугарскиот предлог – за чествување на Делчев на денот на неговата херојска cмpт, на 4 мај.

Прашан дали има шанси да биде допуштен компромис, Вачков вели дека нема простор да се зборува за такво нешто. „Ние сме категорични околу изворите што ја поддржуваат нашата теза“.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега