В среда ќе се прска против комарци од земја и авионски на подрачје на Град Скопје

В среда ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје.

Како што информира Град Скопје, авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира в среда во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе изврши во текот на денот.

-Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.  Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението од Град Скопје. 

04.07.2022 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега