В среда ќе се попишуваат бездомниците

Директорот за Заводот за статистика, Апостол Симовски во гостувањето на ТВ 24 рече дека утре ќе има официјален податок колку луѓе досега се самопопишале онлајн. В среда, како што најави, ќе се спроведе попишувањето на бездомниците и на припадниците на армијата.

Денес беше таков, што бев постојано на терен и немамм информација колку се попишале и не сакам да згрешам, утре ќе имаме официјална информација, истакна Симовски.

Вели дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, падна во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега