Уживајте во сончевото и топло време - од петок нова промена

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната температура од 21 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. УВ=8

Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде во петок и сабота во попладневните часови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа