Ужасни детали за семејната драма во Цена Гора: Мајка си го убила синот бидејќи не можела повеќе да гледа како се мачи

Илона Даруша (82) го отрула својот 60- годишен син со преголема доза на Диазепам, па му врзала кеса околу главата. После убиството, старицата се обидела да се самоубие.

82- годишната жена извршила убиство вчера во семеејната куќа во Црна Гора, а потоа се обдела да се самоубие пиејќи цела рака таблети, а пред тоа напишала и писмо.

Според локалните медиуми таа најпрвин на синот му дала превисока доза на лекови, а потоа му ставила кеса преку главата, па ја врзала со коноп.

Неговото тело е најдено во соба,а неговата мајка лежела крај него без свест.

На масата покрај нив биле таблетите и прошталното писмо.

- Старицата била во несвест кога ја нашле, а откако успеале да ја повратат во живот раскажала дека нејзиниот син веќе 30 годиние неподвижен и дека таа му дала лекови. Откако го онесвестиле таа му врзала кеса на главата и го загушила. Рекла дека не можела повеќе да го гледа како се мачи, бидејќи и таа е веќе болна- објаснил извор близок до итрагата.

Нивната соседка вели дека сите се шокирани.

„Андраш се разболе во основно училиште, кога беше четврто одделение. Нговата мајка се грижеше за него, а додека беше жив и неговиот татко го чуваше, но почина пред 20 години“ раскажала потресена.

„Слушнав и за писмото кое стоело на масата.Мајката и синот се издржаваа од инвалидска пензија и пензијата на неговиот татко“ раскажала жената.

За случајот е известен и јавен обвинител, а старицата се сомничи за убиство.

Соседите велат дека мајката и синот добро се согласувале.

„Мислам дека и двајцата се договориле да го завршат животот така. Беа во добри односи, не се караа. Таа цел живот се грижеше за него и не можеше да работи“ раскажала друга соседка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега