Ужасна семејна драма во Панчево: На сопругата се обидел да ѝ ги ископа очите - со часови ја мачел

33-годишниот насилник Жељко Селими е уапсен поради сомнение дека ја киднапирал 44-годишната Валентина Тодоров и ја сечел со нож по лицето и градите. Одреден му е притвор до 30 дена.

Жељко од Панчево е уапсен поради сомнение дека во средата во околу 22 часот ја киднапирал, па со нож се обидувал да ѝ ги ископа очите на сопругата Валентина во својот изнајмен стан во Панчево.

До морничавиот напад дошло после кавгата меѓу долгогодишните партнери.

Тој дошол во куќата на мајката на Валентина и на сила ја однел својата сопруга во изнајмениот стан, каде со часови ја мачел и бодел со нож. Ја сечел по лицето и градите, а неколку пати ја прободел и во очи. После изживувањата избегал

Мајката на Валентина откако нејзиниот зет ја киднапирал ќерка ѝ, во полиција го пријавила киднапирањето.

Жената била пронајдена во  станот во локва крв, но Селими не бил таму. После кратка потрага по него, тој бил уапсен и му бил одреден притвор поради насилство во семејството.

Нивни познаници велат дека тој три месеци живеел на југ каде наводно работел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега