Ужас во тетовско Доброште: Сквернавена црквата „Свети Никола“

Членови на црковниот одбор на православниот храм „Свети Никола“ во тетовско Доброште денеска откриле дека е извршено сквернавење на икона поставена над влезната врата од објектот. Станува збор за црква која е лоцирана во шумскиот предел од Доброште, а инцидентот е пријавен и во полицијата.

-Денеска околу 12 часот и 30 минути, Б.С.(57) од тетовско Доброште во Полициското одделение Теарце пријавил дека засега непознати сторители ја оштетиле надворешно поставена икона на црквата „Свети Никола” во ова село. На иконата била истурена боја, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовските полицајци ошетувањето го фотодокументирале, по што сега ќе се работи на расчистување на случајот.

11.10.2021 - 14:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега